Радио Милева спомени за последно збогум

Меѓу мноштвото познати, Миа Костова и Марија Луиса на специфичен начин се простија од Панчо: Инфлуенсерката откри тајна што ја направи славна, пејачката на по малку бизарен начин се збогуваше од колегата

Меѓу мноштвото познати, Миа Костова и Марија Луиса на специфичен начин се простија од Панчо: Инфлуенсерката откри тајна што ја направи славна, пејачката на по малку бизарен начин се збогуваше од колегата

Смртта на Панчо-ДНК шокираше и растажи многумина негови колеги од естрадата. Некои му беа поблиски, небаре му се браќа и сестри, други малку подалечни,  пријатели, соработници или едноставно само колеги кои се нашле во истата професија, но сите што го знаеа, па дури и оние кои и лично не го познаваа му оддаваат последна почит на прерано заминатиот музички артист.

Најчесто со статуси на личните профили на социјалните мрежи, споделувајќи песни од ДНК, заеднички спомени, зборови на утеха, разни цитати, емотикони на скршени срца, заеднички фотографии… Се’ што може да потсетува на „малиот-голем човек“ кој  по седум месеци болничка борба, за жал му се придружи на својот компањон Андреј и поголемиот дел од нивниот придружен бенд, чии членови трагично ги загубија животите таа кобна мартовска ноќ во клубот „Пулс“ во Кочани, заедно со десетици други млади луѓе.

Но, од мноштвото познати, две дами на специфичен начин се простија од Панчо. Миа Костова и Марија Луиса Тодоровска… При тоа инфлуенсерката откри тајна што подоцна ќе  ја направи позната и славна, а пејачката на по малку бизарен начин се збогуваше од колегата.

Миа Костова беше многу блиска со Панчо. Се дружеа оддамна, уште додека таа работеше како менаџерка во една од најпознатите скопски дискотеки и беше далеку  од социјалните мрежи и инфлуенсерството.

Подоцна им беше и специјална гостинка во едно нивно видео за песна на ДНК, кое заеднички го снимаа во Турција.

Токму во еден од прошталните постови на нејзините Инстаграм приказни полни со сеќавања, спомени и заеднички фотографии со Панчо, Миа откри нешто што малкумина го знаат, а тоа е дека токму ТОЈ ја убедувал и во тоа успеал, да си отвори свој Инстаграм профил, кој дотогаш го немала.

Оваа одлука години подоцна ќе ја направи славна и позната, во моментов можеби и највлијателната и најекспонирана македонска инфлуенсерка. Професија на новото време од која Миа Костова денес исклучиво живее.

За пејачката Марија Луиса Тодоровска е сигурно дека не му била толку блиска на Панчо. Кој знае дали и воопшто некогаш се запознале или биле само колеги во иста професија. Но, тагата и чувствата на неизмерна жал и длабока болка за ненадоместивата загуба кај сите на естрадата, па и кај неа се идентични или барем слични.

Така и Марија Луиса Тодоровска решила да го сподели она што чувствува , само на себесвојствен начин што на некои дури помалку им наликува и на „невкусен црн хумор“ откако сподели фотографија од ДНК и проштален пост  во кој стои: „Бендот се собра за проба“, под кои додала соодветни емотикони.

Нејзиниот пост на Инстаграм предизвикува различни реакции, иако е несомнено дека намерата и била искрена и чиста. Ваквото или такво толкување е само различно гледање на истиот аспект на нештата. Суштината е дека вистината е тажна и болна.

ДНК повеќе ги нема и нема да се сберат на овој свет. Ќе останат само да се раскажуваат спомените, пејат  песните, гледаат спотовите и плетат приказните околу ова наше легендарно  ар ен би дуо, кое ја градеше музичката историја и поп културата во оваа земја, оваа наша тажна Македонија.

Фото: Инстаграм/miandrija/luisa.todorovska

To top