Радио Милева божествено емотивна

Мартија Станојковиќ со роденденска честитка во слики до сетра и’ со која личат како да се близначки иако меѓу нив има разлика во години (ФОТО)

Мартија Станојковиќ со роденденска честитка во слики до сетра и’ со која личат како да се близначки иако меѓу нив има разлика во години  (ФОТО)

Младата македонска пејачка Мартија Станојковиќ е онаа која е најекспонирана во јавноста во нејзиното семејство. И сосема разбирливо, со оглед на професијата во која се впуштила, а и популарноста која од ден во ден и станува се поголема!

Покрај атрактивната кумановка, јавноста одвреме-навреме запознава по некој член и од нејзиното потесно семејство, па така јавноста прва ја запозна мајка и снежана, на која Мартија во многу што наликува. Веселата нарав, но и физичкиот изглед им се некако заеднички именител, што е сосема нормално за повеќето жени, кога ќе ги пренесат своите гени на своето поколение. Снежана и е главна поддршка на нејзината помала ќерка, но мартија не е нејзиното единствено дете.

Имено, можеби се сеќавате кога пред околу пет години пишувавме за тоа дека Мртија Станојковиќ пееше на сдвадбата на нејзината сестра, кога таа го играше својот прв свадбен танц со својот избраник.

Имено, тогаш Мартија им  ја отпеа песната за првиот танц и тоа онаа,  нејзината „Те сакам“, која во видеото во продолжение можете да погледнете и да се потсетите како изгледаше и звучеше.

Денес, пет години подоцна нејзината сестра Лена е реализирана мајка на две машки дечиња, Марко и Лука, а мама Снежана е среќна млада баба, додека Мартија е горда тетка.

Двете сестри, како и мајката со двете ќерки не ретко можат да се видат заедно на разни семејни прослави или едноставно во опуштено домашно издание, па така беше и овој пат, кога постарата Лена славеше роденден.

Оддамна сме рекле дека на дамите не им се бројата годините, ама затоа им се бројат роденденските честитки, а токму најдрагата стигна од најблиските. Мајка Снежана со заедничка фотографија од сите три на Лена и честиташе роденден, а фотографијата само потврдува колку сите три си личат.

Особено двете сестри Лена и Мартија кои како да се близначки иако меѓу нив има разлика во години!  И не само тоа… Тие две се исклучително блики. Од првиот ден па се’ до денес.

Затоа и роденденската честитка на Мартија во вид на животна фото-сторија од различни периоди на нивното растење и живеење па се’ до денес, е божествено емотивна.

„Мојата инспирација за се’, мојата сестра, мојот идол… Отсекогаш ми беше моја најдобра другарка, моја поддржувачка и заштитничка, откачена пријателка, онаа која ќе ме сослуша, девојка за заедничка забава и фамилија… Те сакам бескрајно“ – и напиша Мартија на својата сестра во своите Инстаграм приказни!

Фото: Инстаграм/stanojkovicsnezana70/martijastanojkovic

 

 

 

 

To top