Радио Милева „пожар под гола кожа“

Кога Мартија ќе ја видат на сцена, момчињата остануваат подзинати, ама кога ќе ја сретнат на плажа младата кумановска убавица, остануваат со „падната вилица“ (ФОТО)

Кога Мартија ќе ја видат на сцена, момчињата  остануваат подзинати, ама кога ќе ја сретнат на плажа младата кумановска убавица, остануваат со „падната вилица“ (ФОТО)

Младата македонска пејачка Мартија Станојковиќ е една од оние чија музика оди во пакет со нејзината неизмерна убавина. Кога ќе ја видите на настап, делува како вистинска поп ѕвезда  на сцена, ама затоа кога Мартија ќе се соблече во бикини, младата кумановка е налик на малечка сирена.

Затоа и  кога Мартија ќе ја видат на  сцена, момчињата остануваат подзинати, ама кога ќе ја сретнат на плажа младата кумановска убавица, остануваат со „падната вилица“!

Откако сонцето летово го зеде својот замав и непрестанува немилосрдно да пече, секој од нас бара дебела  ладовина или плажа со водена површина, без оглед дали е тоа базен, езеро или море. Од неподносливите горештини реши да избега и Мартија, па од онаму каде што заминала на ладење, решила да прати еден летен бикини поздрав… Колку да ги разлади своите обожаватели и следбеници на социијалните мрежи, кои всушност, само уште повеќе ги запали.

Како и не би, кога  онака разголена од рамена до колена, од пазуви до глуждови  за себе ги залепи љубопитните машки погледи, кои најпрвин се фокусирани на нејзиното убаво, нежно лице…

Но, набргу потоа погледот се кочи малку подолу, зашто Мартија располага со таква телесна убавина што ја прави неодоливо привлечна, пожелна и возбудлива… Особено за машките од помладата генерација, кои тешко одолеваат на ваква секси анатомија каква што има Мартија!

А нејзината„Анатомија“ не само што е рај за очи, туку е и мелем за уши, зашто таков и е насловот на последната песна, која наскоро ќе ја наследи една уште понова, која убавата кумановка веќе отсега  гордо ја најавува.

Во меѓувреме, додека Мартија се подготвува музички да ве израдува со нешто најново и актуелно од неа, уживајте визуелно во неа и нејзината раскошана убавина додека онака, полувлажна  лефтерно го минува денот крај базенот.

Глетката одзади уште повеќе ќе ве опие и омами, зашто додека малечката убавица трчка по тревникот, тангата потоната на вистинското место ќе ве остави без здив, правејќи го кадарот неодоливо возбудлив… Просто неподнослив… Како „пожар под гола кожа“!

Фото: Инстаграм/martijastanojkovic

 

 

To top