Радио Милева Не би ја препознале

Ќерката на Цеца објави фотографија од детството: Анастасија сподели спомен стар над 20 години (фото)

Ќерката на Цеца објави фотографија од детството: Анастасија сподели спомен стар над 20 години (фото)

Анастасија Ражнатовиќ често се присетува на своето детство, а најубави спомени и се на нејзината мајка Светлана Цеца Ражнатовиќ.

Пејачката на својот Инстаграм профил објави фотографија стара преку 20 години, на која позира со својата мајка.

Анастасија Ражнатовиќ на својот Инстаграм профил објави фотографија од детството и ги трогна своите следбеници.

На пејачката цел живот и кажуваат дека личи на нејзиниот татко Жељко Ражнатовиќ, Аркан, а сличноста меѓу Анастасија и нејзината мајка Цеца Ражнатовиќ е неверојатна на оваа фотографија.

„Мојата убава мајка и јас кога бев дете“, напиша Анастасија на шпански во описот на фотографијата. Анастасија Ражнатовиќ секогаш кога ќе се ширеше приказната за нејзиното детство навестуваше колку ѝ недостигаше нејзиниот татко Жељко Ражнатовиќ Аркан во тој период и колку и е жал што имаше само неколку фотографии со него.

Таа, како што вели, со солзи во очите гледала како другите деца по училиште трчаат во прегратките на нивните татковци и тивко страдала, знаејќи дека никогаш нема да го доживее тоа искуство, но затоа нејзината мајка Цеца се потрудила да го надополни тој недостаток.

фото: printscreen/instagram

To top