За многумина, фотографиите од бел песок и море во нијанси на тиркизна боја се синоним за идеално летно бегство, односно зимско во случајот на пејачката Каролина Гочева и сопругот Михаил Корубин.
Керол и Михо неодамна направија бегство од зимската македонска реалност и заминаа на егзотичните и космополитски Сејшели.

Обично ваквите сцени ги поврзуваме со далечни дестинации кои најчесто остануваат сон поради долгите летови, а и високите цени. Сепак, слично чувство на луксуз и изолација секако може да биде остварливо, магично, волшебно… за кого како..

Такви глетки како од бајка или некоја филмска авантура, сопружниците објавија на Инстаграм, доловувајќи како изгледа ова далечно патување на кое се препуштија преиодов.
Секако, пријатни летни температури, совршена вода, природа…се’ тоа неизбежно мора да се документира со богат албум од фотографии кои пејачката ги сподели со следбениците на Инстаграм.

Секако, оние највпечатливите и покрај природниот егзотичен раскопш, беа оние каде Керол позира во бикини.

Инаку, Каролина и Михаил во месец ноември беа во Токио, Јапонија каде мината 2025-та ја завршија со едно неповторнливо патување за паметење.
фото:Instagram printscreen/karolinagocheva/mihail_korubin





