Радио Милева вредно за реприза

Каролина Гочева посакува временска капсула која ќе ја катапултира назад во 2016-та – еве и зошто…

Каролина Гочева посакува временска капсула која ќе ја катапултира назад во 2016-та  – еве и зошто…

Многупати ќе го слушнеме она „ех, како си лета времето, како вчера да беше“, а веќе поминала цела една деценија… полна спомени, колку убави, толку и такви на кои помалку сакаме да се сеќаваме.

Поп пејачката Каролина Гочева „прошета“ низ својот Инстаграм профил, па како во временска капсула се катапултираше од 2026-та, назад во 2016 година. Ги собра сите убави спомени со најдрагите, сите патувања, плански, случајни, спонтани моменти…

Цела една глерија која ја стимулираше да го повтори се’ она проживеаното, вредно за реприза.

-Гледам по инстаграмов, 2026та била новата 2016та…
Па, според сликиве што ги ископав-воопшто не би ми сметало, напиша таа во описот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva)

Позитивните вибрации кон униферзумот се испратени, а со позитивна мисла се’ она што го посакуваме и се стремиме кон него, тогаш истото полесно ни доаѓа до реалноста од сегашноста кон блиската иднина.

фото: Instagram printscreen/ karolinagocheva

To top