Младата поп- пејачка од Куманово, Ивона Јо пред десет месеци тргна на патот кој ќе и го смени живот, а почетокот беше означен од Истанбул каде во една приватна клиника направи липосукција и отстранување на вишок кожа.
Ако некогаш огледалото беше изворот на комплекси, стравови и несигурност, денес Ивона со крената глава и со гордост гледа во одразот кој го гледа, токму од тоа исто огледало.

Гласот на внатрешната борба, болка и победа над најтешкиот противник, самите себе, денес веќе поинаку рефлектира од резултатите на посветеноста и истрајноста.
Ивона повторно и се врати на теретаната, а како што вели сега веќе може на огледалото да му покаже и некој мускул.

Рамен стомак каков посакуваше, гардероба која отсекогаш сакала да ја носи, а на лицето сатисфакција каква само таа може да ја почувствува и покаже.
А кога ќе застане пред камера пак, како од последното снимање на „вечер по 8“ кај Миро Кацаров, Ивона повторно блесна во ново освежено издание.

Косата ја обои во нешто потемна кафена нијанса, а исто така вгради и екстензии во косата за уште поголем ефект на промената.

Црвениот свилен фустан го носеше со гордост, косата ја намести напред за да се гледа, а она што беше највидливо е нејзината сатисфакција до која успеа да дојде со истрајност и себепосветеност.
фото:Instagram printscreen/ivonajo






