Радио Милева „Искрено“... невозможно?

Ивана Наскова открива зошто сексот во автомобил е шететен по здравјето… До душа кај жен(ск)и по 30-ата, а можеби и не само кај нив? (ВИДЕО)

Ивана Наскова открива зошто сексот во автомобил е шететен по здравјето… До душа кај жен(ск)и по 30-ата, а можеби и не само кај нив? (ВИДЕО)

Ивана Наскова на македонската јавност и е позната како радио и ТВ водител на емисијата „На шанк“, стендап забавувач, писателка… сега има нов проект.

Овој пат заедно со уште една дама, која за многумина можеби е изненадувачки што се најде во водителското подкаст столче, зашто по професија е фолк пејачка, а сите ја знаат како Адријана Кеш.

“Искрено” со Ивана и Адријана, е новото македонско подкаст чедо во интернет просторот, каде две возрасни дами ги „разглабаат“  машко-женските односи. Од оние вербалните релации, до секојдневните животни ситуации, па се до љубовно – интимните односи меѓу половите.

Некому можеби му личи на (о)зборување во празно, некому на феминистичка фарса, на трети пак како поучно четиво, но едно е сигурно… Ивана и Адријана имаат толку многу теми за разговор, толку многу прашања за одговор, толку многу да си кажат и раскажат, што од туѓо, што од лично искуство. Па не попусто се вели: „Еднаш доживеано, како сто пати раскажано“! А дами од „30+ или малку повеќе“, сигурно имаат доволно акумулиран материјал за сто и една приказна. И своја и онаа на гости(нки)те кои ќе им доаѓаат во шоуто.

Така веќе во првата епизда Ивана и Адријана разврзаа машко-женски муабети, разменувајќи дел од личните искуства. Разбирливо, љубовта, интимата и сексот, меѓу другото или меѓу првото – сеедно,  порано или подоцна дојдоа на ред.

А кога имаш 30+ ред е да имаш и своја работа, свој стан, куќа, или барем изнајмен животен простор… Така е барем секаде во современиот цивилизиран свет, освен… Освен во поедини „вукоје*ини“,  каде кога и двајцата имате 30+ и он ќе ти рече: „Ама јас живеам со моите“!

Е, тогаш имате проблем! Просторно –  сексулен! И локациски, оти тешко се наоѓа празен паркинг, дури автомобилот и да ви изгледа како принудно решение… А Бога ми и здравствен. Така барем тврди Ивана Наскова, која открива зошто сексот во автомобил е шететен по здравјето… До душа кај жен(ск)и по 30-ата, а можеби и не само кај нив?

Зошто и како, погледнете во парчето од „Искрено“ на Ивана и Адријана:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivana Naskova (@ivananaskova)

Фото и видео: Инстаграм/adrijana_acevska/ivananaskova/ YouTube – Iskreno so Ivana i Adrijana EP_1

To top