Промотер моќна порака

Химна на секој родител: „Имам се“ на Стефан Величковски невозможно е да ја слушате без солзи во очите (видео)

Химна на секој родител: „Имам се“ на Стефан Величковски невозможно е да ја слушате без солзи во очите (видео)

Стефан Величковски ни носи нова емотивна балада со моќна порака – речиси е невозможно да ја слушате „Имам се“ без солзи во очите.

Химна на секој родител! Зборови кои секој се вртат во главата на секој родител од првиот ден до последен здив… Емотивна поп балада која, освен многу емоции, со себе носи и моќна порака: нашите деца никогаш не се безнадежни, секогаш постои едно засолниште, еден дом и широко отворени раце кои се подготвени да бидат поддршка без разлика на околностите!

Како уникатен роденденски подарок за нивната ќеркичка, мама Ана Николовска Величковски ги напиша зборовите, а тато Стефан Величковски маестрално ја пренесе целата емоција и ја преточија во песна која веќе ја освојува публиката.

Целата приказна ја надополнуваат Иле Спасев (аранжман) и Драган Ристевски кој беше задолжен за видео записот во кој главната улога ја има малата Зорана – инспирацијата за „Имам се“.

Еве го видеото:

фото:You tube printscreen

To top