Македонскиот музички продуцент и артист Darkoff и вокалистката Анастасија Трајковска ја претставија новата песна „И пак те сака“, композиција која носи силна емоција и приказна за чувствата што остануваат и покрај времето и разделбите.

Песната ја потпишува Darkoff, кој е автор на музиката и аранжманот, додека текстот е дело на Лина Чоколина. Главниот вокал го изведува Анастасија Трајковска, а за миксот и мастерингот се погрижил Whoel.

Видеозаписот ја следи атмосферата на песната, со визуелна приказна во која главната улога ја има Анастасија. Снимките се дело на Лоран Бајрами, додека продукцијата на видеото е на The Peak.

„И пак те сака“ е песна за љубовта која не згаснува, за спомените што остануваат и за чувството кое продолжува да живее и кога патиштата на двајца луѓе ќе се разделат.

Новото музичко издание на Darkoff и Анастасија Т. за кратко време привлече големо внимание кај публиката, а видеото веќе бележи илјадници прегледи и позитивни реакции.

Со оваа соработка, двајцата артисти носат свежа енергија на македонската музичка сцена, спојувајќи модерен звук, силен вокал и емотивен текст.






