Култните македонски музички групи „Меморија“, „Мизар“ и „Синтезис“ ќе одржат голем концерт на 15 август во Градскиот парк во Струмица со почеток во 20 часот.
Овој музички настан е дел од богатата програма за одбележување на 35 години независност на Македонија.
Настанот е најавен како музичка вечер посветена на најдоброто од македонската музичка сцена.
Влезот за концертот е слободен, па посетителите ќе имаат можност бесплатно да уживаат во настапите на трите легендарни македонски групи.



Драги наши,
Се разбира дека прославата на 35 години независност на Македонија не може да помине без најдоброто од Македонија!
Па, на наше големо задоволство, ви ги најавуваме трите легендарни македонски бендови:
МЕМОРИЈА
МИЗАР
СИНТЕЗИС
Една вечер, едно место:
ВЛЕЗОТ Е СЛОБОДЕН!
Се гледаме на 15 август со сите љубители на најдоброто од Македонија!







