Потребни состојки (за 6 хот-дог лепчиња):
- 7 големи лажици брашно
- 1 рамна мала лажичка сол
- ½ кесичка прашок за печиво
- 1 јајце
- околу 200 мл јогурт
- 6 виршли
- сусам за наросување (по желба)
Подготовка:
Во сад измешајте ги брашното, солта и прашокот за печиво. Изматете го јајцето. Две третини од него додадете ги во смесата, а остатокот оставете го за премачкување. Постепено додавајте го јогуртот додека не добиете меко и мазно тесто. Тестото може да биде малку лепливо, но тоа е сосема нормално.
Поделете го тестото на 6 еднакви делови. Секој дел развлечете го на набрашнета површина и завиткајте по една виршла. Колку потенко е развлечено тестото, толку поубаво ќе нарасне при печењето. Обложете плех со хартија за печење и наредете ги хот-дог лепчињата со мал растојание помеѓу нив. Премачкајте ги со преостанатото јајце и, по желба, наросете сусам. Загрејте ја рерната на 200 °C. Додека се загрева, тестото ќе нарасне уште малку. Печете околу 20 минути, сè додека не добие златно-кафеава боја. Послужете ги топли, со кечап, сенф, мајонез или со вашите омилени сосови. Идеални се за појадок, вечера, детски родендени или како брз оброк за целото семејство.
Фото: Magnific
Извор: Курир







