Радио Милева роденденска дилема

Александра Накова ги сподели и роденденските честитки и молитви… само не обзнани дали роденденот како и лани прв и го честиташе истиот љубовник?

Александра Накова ги сподели и роденденските честитки и молитви… само не обзнани дали роденденот како и лани прв и го честиташе истиот љубовник?

Александра Накова овој период од годината е вообичаено некаде покрај вода. На море, базен, нво соседството на нејкоја од плажите на Егејот или на некои од отворените хотелски базени во родната Гевгелија, а можеби и на некоја упште поегзотична дестинација.

Но каде и да е едно е сигурно, овие први августовски денови, поточно  5-ти август за неа е денот што го чекаме цела година, нејзиниот роденден. Како што отсекогаш сме тврделе, на дамите не им се бројат годините, ама затоа им се бројата честитките, а и оние од кого ги добиле.

А Накова и овој пат не дека не се огласи на социјалните мрежи со дел од честитките од своите воглавном женски пријателки, меѓу кои и некои познати лица како ријалити старлетата Тара Симов на пример, со која Александра е прилично блиска.

Не изостанаа веројатно ни подароците, од кои славеничката се пофали со еден букет цвеќе, за кој иако не кажа од кого го добила повеќекратно го сликаше, па цветниот фото колаж го спакувала во Инстаграм стори со својата роденденска молитва.

„Драг Боже, ти благодарам што ми подари уште една година живот. Некои денови беа тешки, некои беа прекрасни, но Ти ме носеше низ сите нив. Благодарна сум за мојот растеж, за солзите, за лекциите и за силата за која не ни знаев дека ја имам. Те молам, биди покрај мене и оваа година. Заштити ме, води ме и благослови ги луѓето што ги сакам. Ти верувам за сè што е пред мене“ – споделила на Инстаграм приказните Накова.

Она што во јавноста единствено остана нејасно околу роденденот на самата славеничка, за која горе-долу речиси се’ е познато, кој прв и го честиташе?

Дали и годинава тоа е љубовникот, но и дали тоа е се’ уште оној истиот од лани?

Колку за потсетување Александра Накова има(ше?)  врска со контроверзниот 29 годишен бугарски фудбалер Ѓорѓи Јомов, кој е  кој е 8 години помлад од неа!  Мускулесто момче  кого го пратат не само спортски суспензии и контроверзи во Бугарија уште од времето кога бил две години во врска со бугарската пејачка Ариа (Цветкова), врска која ја следеле низа скандали, па сега е прашање дали е се’ уште  во љубов со расната гевгеличанка?

Во љубов со него или не, нека и е среќен роденденот на Накова и Бог нека ја услиши нејзината роденденска молитва и во следните 365 дена!

Фото: Инстаграм/архива/naleksandraofficial

 

 

 

To top