Водителката Јована Јеремиќ вчера го изговори судбоносното „да“ со својот избраник Милош Стојановиќ Тигар.
Двојката се венчала во строга тајност, a на интимна церемонија на која присуствувале само членовите на семејството, најблиските пријатели и кумовите.
Иако Јована е позната по тоа што често споделува детали од приватниот живот со јавноста, овојпат одлучи еден од најважните денови во животот да го зачува далеку од очите на јавноста.
Младенците ги изговориле брачните завети во црква, а водителката за оваа посебна пригода избрала долг бел венчален фустан со крој „сирена“, додека Милош изгледал елегантно во црн смокинг.
View this post on Instagram
На снимките од церемонијата се гледа дека младенците не ги симнале насмевките од лицата, а среќата не можеле да ја сокријат ниту за време на фотографирањето.
По црковната венчавка, Јована и Милош со гостите заминале во еден елитен белградски ресторан, каде што бил организиран свечен свадбен ручек. Младенците им се заблагодариле на најблиските што биле покрај нив во еден од најважните моменти од нивниот живот.
View this post on Instagram
Интересно е што Јована непосредно пред венчавката на Инстаграм објави порака која привлече големо внимание, а многумина ќе се запрашаат дали со неа сакала да им испрати порака на сите оние кои се сомневале во неа.
Водителката сподели цитат во кој порачала дека ништо и никој не може да ја скрши, потсетувајќи на сите животни пречки што успеала да ги надмине.
„Не можеш ништо да ми направиш. Навистина не можеш ништо да ми направиш. Ниту денес, ниту утре. Никогаш. Сама го преживеав она за кое мислев дека нема да можам. И она што многумина не би можеле да го преживеат. А јас секогаш играв чесно. По секој пад храбро станував. Горда и нескршлива. И сè уште верувам во чуда“, напишала Јована.
Дали оваа емотивна објава им ја посвети на луѓето кои ја критикувале или едноставно сакала да го одбележи новото животно поглавје, не откри. Во секој случај, пораката привлече внимание токму во пресрет на нејзината венчавка, по која водителката започна нова брачна приказна.
Да потсетиме, Јована зад себе има еден брак. Во мај 2018 година се омажи за политичарот Војислав Милошевиќ, со кого ја доби ќерката Леа.
Нивниот брак заврши со развод во март 2022 година, по што, според нејзините претходни изјави, останале во добри односи. Водителката повеќепати истакнува дека си пружаат поддршка кога станува збор за нивната ќерка.
Да потсетиме, Јована јавно ја коментираше и новата избраничка на нејзиниот поранешен свршеник Драган Станковиќ.
„Сметам дека овојпат му успеа. Девојката е цвет од неговата градина, таа е вработена во неговата фирма, со години прави буреци и сега ќе можат заеднички да работат на подобрување на производството и продажбата на лебот, за што побрзо да ги врати долговите во кои се наоѓа веќе подолго време“, изјави Јована.
foto: printscreen/instagram/milos_tigar







