Радио Милева можат да ѝ позавидат и двојно помладите

Пејачката наполни 49 години, а сè уште важи за една од најзгодните во регионот: „Обемот на половината ми е 62 сантиметри“

Пејачката наполни 49 години, а сè уште важи за една од најзгодните во регионот: „Обемот на половината ми е 62 сантиметри“

Јелена Розга неодамна наполни 49 години, а и понатаму важи за една од најзгодните пејачки на естрадата. На нејзината витка линија можат да ѝ позавидат и колешките двојно помлади од неа.

Розга во младоста се занимавала со балет, а покрај физичката активност, витката линија ја одржува со здрав начин на живот, балансирана исхрана и редовен одмор.

 

„Сè уште имам половина од 62 сантиметри. Понекогаш тоа ме нервира кога купувам, на пример, панталони, бидејќи секогаш ми се широки во половината, па морам да ги стеснувам. Луѓето ми велат: „Што те нервира тоа, ти си среќничка“, но добро, тоа е најмалиот проблем. Да ми биде секој проблем таков“, рекла Јелена Розга и додала:

„Пред сè, генетиката. Сите во моето семејство се витки, но и јас внимавам. Не јадам нездрава храна, не пијам алкохол и многу одморам. Тоа го правам цел живот, не е ништо ново. Внимавам на исхраната поради здравјето“, изјавила Јелена Розга за „Hype“.

Покрај затегнатото тело, Розга има и лице речиси без брчки, и тоа без ботокс. Како што повеќепати истакнала, со години се штити од сонцето и се грижи за здравјето на својата кожа.

„Од првата заработка, од првиот концерт, не купив ниту чевли ниту фустан, туку купив креми“, рекла Јелена Розга, додавајќи дека не постои можност по настап да си легне, а да не ја отстрани шминката.

To top