По фантастичното доживување што го приредија летово во Античкиот театар во Охрид, не очекува уште едно издание на проектот NUMB – Tribute to Pink Floyd – проект зад кој стојат врвни музичари.
Овој пат аудио-визуелното шоу кое веќе е потврдено дека ќе ги задоволи апетитите и на најпребирливите обожаватели на култниот светски бенд, доаѓа во Скопје.
На 20. ноември 20226 г. (петок) во Македонската филхармонија – NUMB – Tribute to Pink Floyd публиката ќе може да ужива во музичкиот перформанс кој важи за единствено аудиовизуелно доживување кое ги буди и допира сите сетила.
Салата на Македонската филхармонија ќе изгледа и звучи како никогаш досега. Многу поразлично од вообичаеното, исполнета со совршен звук, визуелни ефекти, ласери, светлосни ефекти, видеопроекции и уште мноштво моќни новини на современата технологија кои оваа волшебна вечер ќе ви ја направат повеќе од магична.
И овој пат ќе бидат изведени дел од највредните дела на основоположниците на светската рок психоделија, легендарните Pink Floyd, меѓу кои: „Shine on your crazy diamond“, „Learning to fly“, „Hey you“, „Time“ , „Money“, „Another brick in the wall“ и уште мноштво безвременски теми, кои го одбележаа музичкиот карактер и го формираа правецот и вкусот на неколку генерациии.

Затоа не треба да го пропуштите овој музички настан овој петок, на 20-ти ноември, каде на сцената на Македонската филхармонија во Скопје, ќе се случи уште едно фасцинантно издание на NUMB – Tribute to Pink Floyd, проект зад кој стојат врвни македонски музичари.
Настанот е во организација на „Fresh Union – Film, Music and Booking Agency“.
Концертот е речиси распродаден, а уште малку влезниците се’ уште можат да се набават на www.wayin.mk





