Мегафон светски џез звуци во Скопје

Мишел Камило и Националниот џез оркестар ја исполнија Македонската филхармонија со публика и светски џез-ритми

Мишел Камило и Националниот џез оркестар ја исполнија Македонската филхармонија со публика и светски џез-ритми

Националниот џез оркестар вечера вечер во Македонската филхармонија во 20 часот го одржа најавениот концерт со еден од најзначајните пијанисти и композитори на светската џез сцена Мишел Камило, добитник на Греми, три Латински Греми и Еми признание.

Камило настапи со неговите долгогодишни музички соработници Рики Родригез на контрабас од Порто Рико и Марк Валкер од Чикаго на тапани. Диригент на концертот беше маестро Џијан Емин.

Доминиканскиот пијанист и композитор Мишел Камино ја воодушеви македонската публика со својата извонредна пијанистичка виртуозност, а неговиот препознатливиот музички израз не изостана ниту во Скопје, па неговата експлозивна латино џез енергија одекнуваше и во македонската филхармонија.

Творештвото на Камило претставува уникатен спој на џез , карипски ритми и класична музика, а за тоа добил многубројни меѓународни признанија на најпрестижните светски сцени.

Ова гостување на Камило во Македонија е вторпат, а првпат во Скопје.

Во Филхармонија Мишел камило Заедно со македонскиот национален џез оркестар имаше одлична изведба од неговите три албуми во биг бен формат, а публиката можеше да ги слушне најпознатите како „One More Once“, „Why Not!“, „Caribe“ и „Suite Sandrine, Pt. 3“.

Фото/видео: КУРИР

To top