Промотер

Стефан Величковски има песна со стихови што сечат како жилет и „Карта“… во еден правец за некој друг свет (ВИДЕО)

Стефан Величковски има песна со стихови што сечат како жилет и „Карта“… во еден правец за некој друг свет (ВИДЕО)

Неполни два месеци по излегувањето на емотивната поп балада „Имам се’ “ со зборови кои допираат секого и се вртат во главата на секој родител од првиот ден до последен здив, македонскиот музичар и пејач Стефан Величковски веќе има нова песна. Овој пат летна, разиграна, полна со ритам  срцепарателни стихови, кои ја опишуваат емоцијата на разделбата, кога едниот заминува со „КАРТА“ во еден правец в џеб во некој друг свет, а сепак копнежот ја „сече“ душата како жилет.

За тоа зборуваат стиховите на темата „Карта“ во кои одново се испреплетува „семејната хармонија“ на пејачот со авторот на текстот, неговата сопруга – ТВ водителката Ана Николовска-Величковски, која заедно со Стефан е и коавтор на музика, додека аранжманот го потишува Иле  Спасев.

Музички во прашање е поп песна со регетон призвук, налик на големите светски хитови од средината 90-ите како што беа „ Coco Jumbo“  na Mr. President  или „All that she want“ на „ Ace of Base“,  на пример. Реге – поп ритам со слушлива хармонија и певлив вокал како рецепт за летна песна која од прва влегува во уво и секогаш има потенцијал бргу да стане летен радио хит кој ќе го вртат домашните радиостаници.

„Карта“ е визуелизирана и со видеоспот кој како и во музичкиот авторско – продуцентски дел,  пејачот не ја менувал екипата, па за реализација на видеото повторно ја одбрај екипата на  Industrial Media на Драган Ристовски.

Во спотот покрај Стефан Величковски се појавуваат и девојките од танчерското студио KaDance кои танцуваат на кореографија на Катерина Стојковска.

Како звучи и изгледа „Карта“ за еден правец на Стефан Величковски, проследете од видеото во продолжение.

Фото: А.Н.В./AI Grok

To top