Актерката Хали Бери деновиве ќе го прослави својот шеесетти роденден, а со најновите објави од семејниот одмор, таа покажa дека годините немаат никакво влијание врз неа, бидејќи и денес изгледа сензационално.
Хали Бери сподели фотографии од одморот на приватен остров на Фиџи, каде што помина време со својот вереник Ван Хант и нејзините деца.
Насмеаната Бери, со пуштена коса и цвет во косата, позираше за камерата носејќи заводлива, широко кроена летна облека со прерамки.
View this post on Instagram
Таа им покажа на своите следбеници како таа и нејзиното семејство уживале на брод, на плажа и во планините, како и со добра храна, и како почнале да слават со торта во ресторан една недела пред нејзиниот роденден.
„Овој семеен одмор беше незаборавен“, напиша актерката под објавата во која им се заблагодари на вработените на островот кои се грижеле за нив.
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм/halleberry







