Наташа Беквалац се огласи на социјалните мрежи за да им понуди поддршка на сите жени ширум светот, но и да испрати важна порака.
Пејачката Наташа Беквалац важи за една од најубавите жени на естрадата. Таа гордо ја носи титулата „Новосадска Барби“ и со секое појавување во јавноста предизвикува лавина од коментари и реакции и од машкиот и од женскиот свет.
Таа е активна и на социјалните мрежи, каде што често споделува содржини од својот приватен и професионален живот, а нејзината неодамнешна објава на Инстаграм предизвика доста внимание. Објавата ја посвети на сите жени кои се соочуваат со разни осуди и критики.

За фотосесијата, таа носеше структурирана креација која ги следеше линиите на нејзиното тело и ја истакнуваше нејзината витка фигура. Беше украсена со цветни детали на рабовите, но и интересни заострени моменти во деколтето.
Таа на стајлингот додаде црни хулахопки, кои го „разделија“ овој нежен изглед и му дадоа секси шмек.
Оваа фото компилација беше придружена со опис, или поточно еден вид критика кон општеството.
„Премногу е слаба, што се случи со неа“, „О, се здебелила, изгледа многу постара“, „Која е користа од овие силикони? Пластична кукла“, „Каде ѝ се градите? Рамни како штица“, „Работи секој ден, кој се грижи за нејзините деца?“.„Кутра, не излегува од дома. Нон-стоп со децата“, „Треба да направи нешто со тоа лице“, „ Претерала, нема израз на лицето“, „Разведена е, веќе има дечко. Штета“, „Разведена е, со години сама, Кутра“…“, беа само неколку примери за коментарите со кои се соочуваат жените, а Наташа ги наведе во оваа објава.
View this post on Instagram
На крајот, таа им кажа на жените дека единственото нешто што е важно е што и кого гледаат кога ќе се погледнат во огледало.
foto: printcsreen/instagram/bekvalceva






