За разлика од повеќето познати дами кои како по правило почнаа бременоста да ја кријат од пошироката јавност додека се може, па да откриваат дури откако приновата ќе дојде, пејачката Александра Јанева не е во оваа група.
Напротив, откако јавно обзнани дека е во блажена состојба и ги постави првите фотографии од нараснатото стомаче додека позира со сопругот, сега преминува на ново ниво или најдобро кажано, следен триместар од бременоста.

Со веќе нараснатиот стомак кој прилично убаво покажува дека Александра е во пододмината бременост, идната мама беше гостинка на концертот на Лозано каде блесна во сиот свој труднички сјај.

Облечена во црна долга тоалета, Јанева дискретно и ненаметливо избра стајлинг одличен за блажена состојба.

Инаку, Александра и сопругот Иван со божја волја ќе станат родители на женско чедо.

Со лесно!
фото: Instagram printscreen/aleksandrajanevaofficial/@dinonecevski/






