Пејачката Анета Љумаковска екс „Молика“, помина, па и се уште минува низ период на промени откако реши да се разведе и да стави крај на бракот по 22 години заедница и да ја напушти групата во која пееше години наназад.
Како што вели самата во една своја телевизиска изјава, со се’ ново што и се случува, решила да го смени животот комплетно.
View this post on Instagram
Оттука, како ден јасно е дека промените не не нималку лесни, особено кога се работи за значен животен сегмент- семејството.
Поддршката тогаш е најпотребна, а особено кога е искрена и дадена од душа. Анета е среќна жена што до себе го има човекот кој секогаш е тука за неа, прв да споделат радост, но и рамо за плачење.
Така близок е некој што најдобро те познава, а притоа и крвта не ви е вода, туку семејна, братско- сестринска.
Иако живее во Шведска, Анета секогаш може да се потпре на својот брат Борче кого не ретко знае да го покаже на социјалните мрежи, но и да нагласи дека се особено блиски и дека тој е човекот кој прв и е најпотребен, кому се исповеда и знае да си ја олесни душата.
Иако ги делат илјадници километри, блискоста и семејната поврзаност им е толку силна што ниедна далечина не е така голема за да направи граница меѓу нивната силна врска.
Борче е семеен човек и татко на две деца, а Анета секогаш е отворена да нагласи и јавно во медиумите колкава е нивната братско-сестринска љубов.
фото:Instagram printscreen/ anetaljumakovska2701