Радио Милева секојдневен предизвик

Драстичната трансформација на шеф Боби Симоновски од „Брза кујна“: Тешко дека ќе го препознаете од пред неколку години… или ќе се запрашате дали е тој? (фото)

Драстичната трансформација на шеф Боби Симоновски од „Брза кујна“: Тешко дека ќе го препознаете од пред неколку години… или ќе се запрашате дали е тој? (фото)

Тој е наследникот на шеф Марк во популарното кулинарско шоу „Брза кујна“ кој за брзо време ги освои симпатиите на гледачите со својата непосредност, харизма и секако талент за готвење.

Бобан Симоновски или накратко Боби веќе е препознатлив телевизиски лик за кој претходно кујната каде нема камери, беше единственото место каде умее да се изрази како што она најдобро го знае и умее.

Шеф Боби за првпат во „Брза Кујна“ го видовме во 2020 година каде со колегата Фичо беа замена за Марк и Никола по тогашниот концепт на емисијата.

Верните гледачи го знаат оттогаш, а денес шеф Боби веќе има фанови за она што врвно умее да го презентира како краен специјалитет приготвен за 20 минути заедно со асистентите на денот.

Препознатливоста од не е така одамна, и не беше лесна за другите кога  неговиот физикус со она каков е денес е во прашање.

Боби изгледаше доста поразлично во однос на килограмите во плус, односно во минус.

Со вежби во теретана, возење велосипед, веројатно и со селектирана исхрана,  шефот од кујната успеал да го промени изгледот дури до непрепознатливост.

Но, Боби си остана Боби, ведар и насмеан и секојдневно ставен пред предизвикот да има совршени деликатеси пред себе и во елитниот скопски ресторан каде работи, а за кои веруваме редовно си го поставува прашањето – да се проба или не….?

Или пак можеби има некоја своја тајна кулинарска вештина како и сите шефови и нивната магија во кујна?

фото:Instagram printscreen/ simonovskiboban

To top