Таа е позната по својот музички талент, писателски, својата остроумност, досетливост, автентичен глас, водителството, а покрај сe’ ова и по една карактеристика од својот имиџ – кадравата коса.
Јавната професија, особено телевизиските ангажмани, бараат, но и трпат промени, а Сузе деновиве се покажа во едно сосема поинакво светло на кое сме навикнале да ја гледаме и препознаваме.
Имено, во едно од неодамнешните изданија ја утринската на телевизија Алфа, Сузе се појави со нов имиџ, односно нова фирура и тоа доста храбра и сосема спротивна од она каква таа е природно.
Црвенкасто-кафена нијанса на права коса со шишки комплетно ја смени Сузе, но вака или така, сепак остана препознатлива со својата широка насмевка.
Моментите од „новата јас“ ги овековечи со неколку фотографии кои и на нејзиниот Fејсбук профил беа една неочекувана промена и изненадување за пријателите и следбениците.
Како ви се допаѓа?
фото:facebook/ Suzana Turundzieva