Првиот месец од годината како стартен носи нова енергија, оптимизам, надеж, верба за поубаво утре…
Божиќ пак, со себе ја има таа посебна магија на која не може да се биде имун.

Познатите овие празнични денови испратија честитки преку социјалните мрежи, а меѓу нив беше и онаа на пејачката и дерматолог Симона Поповска која во своето обраќање кон следбениците порача:
Годината зад нас не беше лесна за сите.
Затоа новата ја пречекуваме со надеж, со вера
и со раширени раце.
Среќна Нова, напиша Симона која секоја година е апсолутно инспирирана и вознесена од празничната магија. Па така, нејзинта неодамнешна посета на Австрија ја наведе и домот да го декорира со виенски шмек, и за Божиќ да покаже каква празнична енергија владее од амбиентот во семејниот дом.

-Мир Боѓји, Христос се роди! За многу години нека е Божиќ- стои во честитката.
Симона секоја година за своите следбеници на социјалните мрежи открива каква е нејзината магија во домот и колку се потрудила за истата. Од приложеното може да се види дека годинава елеката ја накитила богато и со еден масивен детаљ- црвената пандела која очигледно и остави импресии од Виена.

Од објавата таа фокусираше на прекрасно накитената елка која изгледа елегантно, префинето, богато и секако волшебно.
Нема сомнеж дека новогодишните елки и божиќни декорации во нашите домови придонесуваат за позитивна енергија која и тоа како ни е потребна на сите.
Нека свети од убаво!
фото:Instagram printscreen/ simonapopovskaofficial







