Радио Милева само за неа

Димитар Андоновски емотивно инспириран за мајка си: „Вистинска жена над жените“

Димитар Андоновски емотивно инспириран за мајка си: „Вистинска жена над жените“

За пејачот, композитор и уметнички директор во познато битолско кабаре, Димитар Андоновски, декември е специјален месец, период кога се резимираат нештата, ама за него особено сега се буди чиста емоција кога една личност е во прашање.

Диме не ретко во своите медиумски изјави знае да го спомене семејството, сопругата Христина и двете синчиња, но овој пат фокусот го посатави на неговата мајка Гордана која имаше роденден.

-Ти си дел од мојата душа и мојата најголема животна поддршка.
Жена која ме воспитала со љубов, сила и добрина – вистинска жена над жените.
Среќен роденден, мамо. Да си ми жива, здрава и секогаш насмеана.
Те сакам со сето срце, напиша Диме со јавната честитка која ја упати до мајка си.

Пејачот секогаш со гордост зборува за мајка му која е неговиот најголем херој по загубата на татко му,  големата болка со која се соочил кога имал само 9 години.

-Благодарен и сум на мојата мајка Гордана која што се постави како столб на семејството и во различни ситуации беше и татко и мајка. Таа не научи како да се бориме во животот и не воспита во луѓе со кои што верувам дека се гордее денес. Таа за мене е жена која е најголемиот борец што го познавам и човек од кој сум научил многу животни работи, кажа Диме во едно интервју за „Женски магазин“.

Сигурни сме дека мама Гордана е среќна и исполнета мајка кога до себе има син каков што е Диме.

фото:Instagram printscreen/dimitarandon/ Facebook/ Dimitar Andonovski

 

To top