Популарниот македонски јутјубер во моментов Стефан Лазаров го следат илјадници на социјалните мрежи. Како и неговите поткасти на Јутјуб, во кои секогаш избраните гости имаат што да кажат или преку муабетот со него да испратат одредена порака во јавноста!
Арно ама пораките се двонасочни, па и самиот Лазаров добива мноштво такви. Поточно, секакви… Од морето прашања и „мудри мисли“ грото веројатно се чиста будалаштина, ама некои се и корисни совети.
Дали меѓу првите или вторите можете да ја сместите онаа која Лазаров и самиот ја искоментира на своите Инстаграм приказни, подоцна одлучете сами. Ако ја разбравте како што тој ја разбрал, веројатно е чиста будалаштина, ама ако ја разберете малку поинаку, може да биде и корисна. А во прашање е корелација помеѓу личната хигиена и ширењето на нацијата. Или упростено кажано, бричењето и правењето… деца!
Имено, јутјуберот обзнани каква чудна порака добил, а истата гласи: „Избричи се, само како мајмун си… Дете ЌЕ имате…Не знаеш кои бактерии се…“!
Пораката Лазаров малку го изненади, малку повеќе го зачуди, а најмногу го замисли… При тоа веројатно убаво не рамислил на што бричење мисли испраќачот… Можеби на различна телесна локација мисли?
Од друга страна, кога малку се подразмисли јутјуберот не можеше да се сети дека некаде кажал оти прави дете…? Ама она: „Дете ЌЕ имате“, баеги го подзамисли, па и самиот гласно се запраша: Да не е можеби ова е информација која не дошла до него? Па ја повика сопругата Марта, да не има нешто ново да му каже, нешто што тој не го знае? Зашто ако веќе биднало, барем за џабе да не се бричи?!
Ама, дури и да е така, прашање што најмногу ќе го копка е она: Од кај пак тогаш знае испраќачот на пораката?
Фото: Инстаграм/_lazarovv