Радио Милева невообичаено

Дали некогаш сте се запрашале зошто Северина така се вика ? Пејачката откри како го добила ова интересно име (фото) 

Дали некогаш сте се запрашале зошто Северина така се вика ? Пејачката откри како го добила ова интересно име (фото) 

Северина со години привлекува големо внимание во јавноста и поради изгледот и успехот, но и поради изјавите кои често се шокантни.

Северина навистина има необично име, а еве како го добила. Ретко кој познава друга Северина, додека машкото име Северин е многу позастапено.

Пред неколку години пејачката откри како го добила ова интересно име.

– Моето име некаде значи строгост и праведност. Таква сум навистина. Тато сакаше да се викам Наташа, но мама го обожаваше татко ми, а се викаше Север.

 

Дедо им даваше имиња на децата ширум светот. Верувале или не. Имал четири сина – Север, Југ, Исток, Запад, а ќерка му била Даница. Меѓутоа, баба ми не го сакаше тоа – ја започна својата приказна Северина и продолжи:

– Така татко ми доби уште едно христијанско име. Сепак, тој го задржал името Север од непозната причина. Такa сум јас Северина – вели пејачката. Меѓутоа, таа откри уште еден интересен факт.

 

– Иако, спроти куќата на баба ми имаше лимар Северин. Така… Но мислам дека тоа е поради татко ми – заврши пејачката и предизвика смеа пред присутните. 

фото: printscreen/instagram

 

To top