Боки 13-ка сега кога е на слобода и надвор од затворските решетки, му се враќа животот и тоа со крупни чекори. Одново хиперактивен, го има насекаде, особено на социјалните мрежи. Секојдневни видео и фотографии по различни поводи… Од обични екскуриии и излети, каде е и што прави, преку лични родендени, инфлуенсерство и реклами, до наградни игри полни со неверојатни подароци… Па кој сака- нека повели. И да се рекламира и со Боки да си игра…
Новиот имиџ со права, испеглана коса русокосо офарбаниот инфлуенсер веќе некое време го турка, ама изгледа дојде време за нова журка. До душа досега Боки самиот се пеглашево главата, но заради важен настан или чисто онака само заради промена, на пеглата за коса и најде повеќе од достојна замена. Или барем така мислеше…
Решен на промени по секоја цена, за малку ќе платеше висока цена. Боки 13-ка тргна да смени имиџ и му се препушти на фризерското умеење на Даниел Николовски, па за малку меѓу нив двајца ќе избиеше војна.
Имено, откако го седна на фризерското столче во неговот студио познатиот фризер, шминкер или модерно кажано стилист, Даниел Николовски работата со фризурата на Боки ја зеде во свои раце. Му предложи нова фризура, решен малку да експериментира, арно ама потоа ситуацијата само што не експлодира! Штом фризерот му ја направи новата фризура, а Боки се виде во огледало како изгледа, лицето му се измени и веѓи свија кораво, со очи широко ококорени продолжи де се гледа, а бојата на тенот наеднаш му стана бледа!
„Па баба ми покојна вака ја упокоивме, вака беше ‘фрчкана’… Што се смееш бре блесав ни еден? Види на што личам? како овца ме не направи во главата…“ – му се развика Боки на Даниел, започнувајќи ја кавгата во која за малку ќе летаа глави, зашто Боки 13 сметаше дека фризерот како баба му покојна во косата го направи!
„Па уште и ме тапираш…!? Ти мајтап си играш со мене? Овој будала е, види, види, види… на што личам човече, кај сум будала, уште побудала сум ваков…“ – урлаше Бојан Јовановски.
„Бегај, бегај, не снимајте… Бегај, ќе кршам телефон“ – и се развика и на личноста што целиот процес го снимаше на мобилен во фризерскиот салон.
„Многу убава ти е фризурата“ – го тешеше Даниел, ама Боки никако да го прифати новиот изглед.
„Леле бе, на што ти личам јас на оние што ги правиш како…“ – продолжи да коментира Боки.
„Рековме да пробаме само“ – се правдаше фризерот, убедувајќи го дека ваква фризура имала и Лепа Брена!
Дали ова беше реална ситуација во која меѓу Боки 13-ка и неговиот пријател, фризерот и стилист Даниел Николовски за малку што „не летаа пердуви“ или уште една договорена и наместена ПРАНК претстава во режија на Боки 13-ка, проценете самите откако ќе ја погледнете снимката.
@danielnikolovskiofficial Nov Imidz na Boki 13 😂😂😂 #boki13 #prank #fyp #danielnikolovski #skopje #makedonija ♬ original sound – Daniel Nikolovski
Фото и видео: Инстаграм/boki13official/ТикТок/danielnikolovskiofficial