Македонската пејачка и водителка Бојана Скендеровски го прослави својот роденден на незаборавен начин, во топла, празнична и исклучително семејна атмосфера, опкружена со најмилите и најблиските.
Родена токму на 14 февруари, денот на Св. Трифун, македонскиот празник на виното, љубовта и пролетната радост, со што Бојана и оваа година имаше двојна причина за славење.

Така, покрај нејзиниот посебен ден се преплетува и традицијата, и нејзината непроменлива енергија, со која ја инспирира публиката низ годините.
За оваа посебна пригода, Бојана избра црвен фустан, кој веднаш стана центар на внимание. Црвената боја, вечен симбол на страст, љубов и храброст, ја одразува нејзината женствена моќ.

Црвеното отсекогаш претставува среќа и благосостојба – боја што зрачи енергија, привлекува погледи и буди самодоверба. Со овој моден избор, Бојана ја потсети публиката дека на секој возраст жената може да блеска со автентична убавина. Кулминацијата на роденденот секако беше кога Бојана, заедно со своето семејство, ги дувна свеќите на роденденската торта со бројот 42.

До неа беа нејзиниот сопруг Васко, ќерката Искра и синот Ѓорѓи. Инаку сето ова се случи за време на нивното семејно патување во романтичниот Милано, Италија, каде модните улици и италијанската елеганција совршено се вклопија со прославата.

“Семејството е мојата најголема среќа и сила”, сподели Бојана на социјалните мрежи, придружена со фотографии што зрачат со љубов.
Честитки, Бојана – нека секој следен роденден донесе уште повеќе вино, љубов и музички успеси!
Foto: print screen/Instagram/bojanaskenderovski






