Ако за светските модели и манекенки откако ќе станат мајки знаеме да прочитаме нешто повеќе, за нашите тоа и не е баш истиот случај.
Како изгледаат по породувањето, колку се здебелиле или ослабеле, како се справуваат со мајчинството, дали и кога ќе се вратат на ангажманите, се’ ова е редовна точка на дискусија и коментари, па дури и во регионот.
Кај нас има доста атрактивни и активни модели кои секако заслужуваат внимание, но поради нивната (не)наметливост, поретко читаме и гледаме за нивниот приватен и професионален живот, освен за мал дел од нив како на пример за Катарина Ивановска.
Поранешната водителка на естрадниот магазин „Бекстејџ“ или како што ја нарекуваат македонската Ева Мендез, моделот Мартина Михајловска, можеби одамна не е дел од медиумската помпа, но и тоа како е активна со бројни модни ангажмани како модел на познати брендови.
Мартина пред шест години стана мажена жена и му кажа „да“ на охридскиот бизнисмен Виктор, со кого денес живеат во Охрид и имаат две деца, петгодишната Алана и двегодишниот Матиас.
Иако предана мајка и сопруга, Марина редовно е на релација Охрид- Скопје каде работи и се слика за се’ она што ја побарале, а побарувачка за ваква згодна и ултра секси убава мама, и тоа како има.
Во една прилика Мартина за медиумите раскажа дека бременостите многу малку влијаеле на нејзиниот изглед по породувањето, но она што најмногу ја променило како личност е мајчиството.
Фокусот на Мартина денес не се медиумите, но затоа нејзината убавина редовно ги краси едиторијалите, рекламните видеа и сл.
Па ако некогаш се запрашете од каде ви е позната девојката – сега ќе знаете.
фото:Instagram printscreen/martinamihajlovska