Радио Милева „во еден здив“

Беа ли настапите за новогодишната ноќ „преголем залак“?! Тамара Тодевска заврши на инфузија

Беа ли настапите за новогодишната ноќ „преголем залак“?! Тамара Тодевска заврши на инфузија

Пејачката Тамара Тодевска старата 2025-та и Новата 2026-та ги дочека работно и тоа под полна пареа од пладнето на 31-ви, па и од стартот на 1-ви Јануари.

Имено, Тамара имаше и оствари три договорени настапи за најлудата ноќ. Првиот како дневна забава во еден познат битолски ресторан, втората на плоштадот во Скопје и третата во еден скопски бар.

Се’ на се’ густо набиена агенда која успеа да ја реализира и пред публиката да го исполни ветеното, а секако и наплатеното.

Сепак, дали ова беше „преголем залак“ професионално и дали на вака минусни темпереатури можеше да се остане во здравствена топ форма, најдобро може да потврди самата со тоа што меѓу настапи легна да прими инфузија.

Со шминка и фризура во домашен лекарски третман, Тамара со насмевка ги прими потребните медикамемнти и суплементи, за следните настапи да ги одраборти со иста енергија како и секогаш.

-Битола,  скопски плоштад и повторно Скопје – во еден здив, но сѐ е лесно со мојата публика, со мојот бенд и тим.  Ви посакувам добро здравје, повеќе спокој, време за себе и за вашите блиски. И да, сакајте се и бидете добри луѓе. Среќна Нова година, уживајте во празниците, стои во описот на галаеријата фотографии од настапите.

Ако ова го препишиме на верувањата од нејниниот старт на Новата година, деновите што и претстојат, ќе бидат исто толку енергични и работно исполнителни, а токму тоа и го откри во едно од последните интервјуа.

Нека е за убаво, и нека е со лесно!

фото:Instagram printscreen/tamaratodevska

 

To top