Киан Спасенцовски, синчето на пејачката Антониа Гиговска и музичарот Роберт Спасенцоски за првпат пред јавноста на социјалните мрежи беше претставен на неговиот прв роденден.
Оттогаш помина уште година ипол, па сега двепипол годишниот Киан редовно е пред камерата од мобилните на мама и тато кои постојано објавуваат моменти од неговото растење и детски мигови од секојдневието.

Овој пат, мама Антониа на своите „стори“ објави видео од играта со својот „лепак“ кој очигледно е мамино синче кое не се двои од неа.
Нејзиото „гушкалче“ како што уште знае да го нарече, сега беше расположен за игра, прегратки, насмевки и бакнежи за мама.
А кога таа побара масажа на грбот бидајќи ја боли, тогаш магичните прстиња не можеа да и направат поубаво чувство. Бакнежот на крај пак, ја раснежни Антониа, но и сите кои го погледнаа преслаткото видео.

Инаку, Антониа неодамна откри дека сака повторно да се оставари како мајка и да добие девојче, а желбата и е толку голема што веќе почнала да размислува и за имиња на неродената наследничка.
Епа, со божја волја и нека желбата со лесно стане реалност!
фото:Instagram printscreen/antoniagigovskaa




