Фолк пејачката Анета Љумаковска работи под полна пареа, особено сега во овој предновогодишен период кога повеќе се слуша народно, а уште поубаво ако го пее битолскиот славеј Анета, и тоа во живо.
Настапи, новогодишно емисии и така се’ во круг, Ането е неуморна, но кога го правиш она што го сакаш, нели полесно е.
А нејзе, откако стана соло и стави крај на бракот, навидум се’ поубаво и е, барам така изгледа во очите на јавноста која редовно коментира дека Анета како да процвета откако се разведе.
Овој пат поттик за нови такви коментари беше фотографијата што ја објави каде позира во кусо металик светкаво мини разголувајќи ги нозете и исткнувајќи го стасот кој го доведе до посакуваната линија.
„Убава“, Прекрасна“, „Процвета“, само мал дел од реакциите кои редовно се нижат.
Инаку, Анета од неодамна настапува заедно со „Да Капо“ бенд, а за новогодишната ноќ разбирливо веќе зафатени.
фото:Instagram printscreen/anetaljumakovska2701