Македонската фолкерка Сузана Гавазова во пакет со уште неколкумина колеги, музичари повторно се дружи со дијаспората, на настапите во далечната Австралија.
Пејачката редовно ги полни кратките приказни на Инстаграм, а таков беше случајот и сега каде повторно имаше да покаже што таа навистина може.
Дека Сузе ги полни и салите каде што настапува е повеќе од сигурно, бидејќи кога таа ќе се појави го привлекува вниманието на присутните не само со песната туку и со целата изведба, со сѐ комплет. Празник за очи да се гледа, мелем за уши да се слуша или се’ заедно за полна душа!
Сепак фолкерката љубопитните очи не ги привлекува само таму, туку и надвор од сцената на која настапува.
Така, Гавазова овој пат реши да ги почести и следбениците со клипче и тоа не само оние кои се нашле таму на самото место. Видеоперформанс со кој дефинитиво ги собра „влажните погледи“ на сите… И очевидците кои веднаш ги наежи, а и оние кои подоцна го видоа клипот, како на пример нејзините следбеници на социјалните мрежи.
Таа прво сподели која е нејзината следна дестинација на која патува, а попатно додека тргна да го фати летот успеа да покаже колку е расположена и подготвена за следната авантура.
За кратко следеше нова тура танцување, и тоа не било каде туку на новото одредиште откако удобно се смести во авионското седиште.
Фолкерката почна „да меша“ како што таа најдобро знае и умее потенцирајќи го сиот свој талент, зашто времето и местото за неа никогаш не претставувало проблем, во ниту еден момент.
Или што би рекле: Жежок танц за мирно небо треба… Зашто кога Гавазова ќе замеша и авионот веднаш се крева!
Фото: printskrin/instagram/suzanagavazova