Радио Милева неочекуван исклучок

Згодна и тенка како манекенка: Јана Бурче среде зима во бикини

Згодна и тенка како манекенка: Јана Бурче среде зима во бикини

Слободно може да се каже дека таа е една од најзгодните млади мајки на домашната естрада.

Пејачката Јана Бурческа, или како што милуваат да ја наречат, Бурче, гледачите на Македонската телевијата имаат можност да ја гледаат во едно сосема поинакво светло, односно како водителка – улога во која години наназад одлично се снаоѓа.

Почна како тинејџерка на шоуто „Македонски идол“ каде одлично се промовираше пред публиката, потоа продолжи со градење на своето име и музичка кариера, настапуваше редовно по фестивали, а ја дочека и Евровизија за да ја претставува Македонија.

Потоа стана мајка и се препушти на семејството и мајчинските обврски.

Сега, најмногу ја гледаме на ТВ екраните како водител каде постојано е во комуникација со колегите од естрадата. Освен тоа, таа и нејзиниот сопруг  можевме да ги видиме на живи настапи под името „The music room“.

Јана не е често активна со објави на социјалните мрежи, барем не за оние одприватноста, но овој пат направи исклучок и тоа сосема неочекуван, во зима да покаже летна фотка каде позира во бикини.

Од приложеното се гледа дека Бурче е „мама ипол“, но и дека и недостига топлиот период.

Ако не беше пејачка, тогаш Јана Бурческа сигурно ќе беше манекенка или модел бидејќи и тоа како е голем љубител на модата, осеобено на македонскиот дизајн.

Јана често соработува со македонскиот дизајнер Мите Занов, а досега многупати ги носела неговите креации за јавни настапи, па и за наменски едиторијали.

фото: Instagram printscreen/lazaruszaff and boorche/therealmusicroom

To top