По напорната работна сезона есен-зима, по турнејата на проектот „Македонијо, во срце те носиме“ заклучно со нејзиниот прв солистички концерт во Македонската филхармонија, македонската пејачка и водителка Бојана Скендеровски реши добро да се одмори. Избра егзотична дестинација, па заедно со целата фамилија, со сопругот Васко и децата заминаа за Шпанија, поточно топтан сите, отседнаа на сончевото Тенерифе. Убавина која долго се памти и тешко дека може да се заборави, онаква каква што нудат прекрасните Канарски острови.

А таму сите заедно, ама сепак секој во свој филм. Од објави на брачната двојка која како ужива наздравувајќи со пиво на убавата дестинација…

До семејна хармонија, кога посилната половина ги дувна „двете петки“ на тортата во весело роденденско расположение на славеникот и сите останати во фамилијата.
На Бојана толку многу и се бендиса престојот што почна дури да се дума, дали воопшто да се враќа дома. Климата ептен погодена, храната уште повеќе, а за музиката и муабет да не правиме.

По цел ден саде убавини од утро до мрак… Па не случајно пејачката дури и пиво пропи после 10 години брак!
И се’ така додека не дојде редот да влезат во едно место… А таму, за некого рај, за некого банкрот! Рај за децата, хорор за буџетот на мама Бојана, која со едно видеоклипче покажа на што најмногу ги троши парите од концертот во Македонската филхармонија!
Тато Васко застанат карши големиот мајмун преку мобилните апликации на контото си ги проверуваше банкарските салда, додека Искра и Ѓорѓи уживаа во нивниот рај на играчки. Можноста за избор безгранична и бесјкрајна исто како и грижата на пејачката за семејниот буџет..
Сепак по шопингот на најмилите во продавницата за играчки, на пејачката и олесна, зашто бројките на сметката и не беа така загрижувачки. Искра заврши со играчка фока во рацете, а Ѓорѓи го грабна мајмунот… До душа не оној најголемиот, по што сите заедно уживаа во неверојатните егзибиции на делфините и нивните базенски аква дресери.
Инаку Бојана и Васко Скендеровски се не само брачни партнери, туку се и партнери во шоу-бизнисот во нивната приватна продуцкција „Скендеровски“. Како круна на десетгодишната брачната заедница, тие ги имаат двете дечиња, ќерката Искра и синот Ѓорѓи.
Фото и видео: Инстаграм/bojanaskenderovski



