Радио Милева широко „отворена“...

За Моника Станојкова, Македонката која влезе во најгледаното ријалити „Елита 8“ ги шокираше и регионот и водителката: „Две години се забавувам со оженет човек…“ (ВИДЕО)

За Моника Станојкова, Македонката која влезе во најгледаното ријалити „Елита 8“ ги шокираше и регионот и водителката: „Две години се забавувам со оженет човек…“ (ВИДЕО)

По Елеонора Миљковиќ, Моника Јовановска, Дарко-Спејко, Адам Лабунски… Моника Станојкова е новата македонска учесничка во осмата сезона на најгледаното реално шоу во регионот, некогашната „Задруга“, од минатата година преименувана во „Елита“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Srbija Showbizz (@srbija_showbizz)

За едни место за јавна, полулегална проституција, за други место каде културата и воспитанието му рекле „збогум на умот“, за трети евтина забава за милиони… За продукцијата најверојатно ТВ поле за жетва на милиони… во динари!

Позната под уметничкото име Станојкова Стар, оваа 23 годишна Македонка  за многумина е само уште една стралета иако таа себеси се декларира како инфлуенсерка и блогерка, а на социјалните мрежи има илјадници следбеници… На Инстаграм 37.7 илјади, а на ТикТок Моника има речиси сто илјади (99.6 К) т.н. фоловерски, нешто на што можат да и позавидат и некои од најпознатите и најпопуларни македонски јавни или естрадни личности.

Нејзиното животно мото е мошне шокантно, а истото го споделила на своите социјални профили и тоа гласи: „Многу сум полоша од она што ви го зборуваат“! 

Иако не изгледа баш манекенски, повеќе би рекле  со „плус сајз“ телесни пропорции, на неа доминираат огромните, гигантски гради, за кои се’ уште не се изјаснила дали се природни или естетски надоградени, како и полните силиконски усни, наполнетии со хијалурон или популарно наречените филери.

Тука се и бројните тетоважи, секоја со свое значење, распоредени по различни делови на телото… Од онаа над и меѓу градите, преку онаа над глуждот на десната нога или пораката на десниот бут,  до онаа на левата рака или големата обла задница… Како „украси со посвета“ по целото тело и екстремитетите на цицлестата „ријалити кралица“!

Како, на кој начин, по кој пат или чија препорака Моника Станојкова влезе во избраната свита на најгледаното регионално ријалити „Елита“, не е познато. Она што се знае е приказната која самата ја раскажа при своето премиерно претставување.

Имено, во емисијата во која водителката Душица Јаковљевиќ ги претставуваше натпреварувачите, Станојкова се појави во студиото во светкав црн фустан и вниманието на водителката веднаш ѝ го привлече со раскошното бујно деколте, а од она што го раскажа, шокираната домаќинка почна да пелтечи.

“Имено, Моника откри дека веќе две години се забавува со оженет маж кој има две деца, а неговата сопруга знае дека тој има „швалерка“, иако не знае дека то е Моника. Таа пак за да го ублажи шокот, рече дека тој и пред неа „шарал“, така што да не била таа, ќе била некоја друга!

„Повеќе сакам кога е кај мене дома, но мора малку да биде и со неговите“, вели Моника, која отворено одговараше на сите „скокотливи и жешки“ прашања на водителката.

Во продолжение проследете како изгледаше нејзината „широко отворена“ искреност пред камерите при нејзиното претставување во „Елита 8“:

 

Фото: Инстаграм и ТикТок/stanojkovastar

Видео: Јутјуб/Elita 8

To top