ТВ водителот Миро Кацаров сака да вика гласно за да го чуе цел свет дека за пет месеци отсега ќе се оствари во најувата улога – ќе стане татко за првпат.
Неговата сопруга Ивана е бремена во четвртиот месец од бременоста, а за убавата вест идниот татко обзнани преку социјалните мрежи и домашните портали.

Миро не криеше дека одамна посакувал да добие дете, па откако сопругата имала една неуспешна бременст, сега со Божја милост го очекуваат нејголемиот благослов.
Полот на бебенцето се’ уште не им е познат, но она што го посакуваат е само здраво и живо да дојде на свет.

Миро и Ивана, заедно со нејзината ќеркичка од првиот брак, Миа, периодов се посветени на опремување на новиот дом каде во проширен состав ќе отпочнат едно ново животно поглавје, пошарено и уште поисполнето со љубов.

За потсетување, Миро и Ивана се венчаа во месец август 2023 година, кога двојката направи и голема свадбена веселба.

Нека е со лесно!
фото:Instagram printscreen/miroslavkacarov







