Јелена Богојевиќ е водителка на емисијата „Магазин“ на ТВ Сител... Убава, со постојано насмеан „бејби фејс“ лик и впечатливи зелени очи, крупна, стројна, корпулентна, Јелена е една од оние која најчесто со своите гости кои се претежно од македонската естрада и култура, мора да се фотографира седната.
Зашто со својата височина доминира над 99% од секој што ќе и дојде во студио…
Освен ретки исклучоци, како што е на пример Дарио!
Разбирливо секогаш подготвена за своите соговорници Јлена ништо не остава на случајност, па таа навика ја користи и во секоја друга приватна прилика… Како што е на пример туѓа свадба.
На една таква викендов Јелена беше гостинка. Тоа веројатно дополнително ја инспирираше да се потсети и на својата, но и да се подготви за онаа на која беше поканета.
View this post on Instagram
Фризурата е она нешто што е задолжително за женскиот изглед во секоја пригода, а камо ли во свечена. Затоа Јелена им се препушти на вештите раце на нејзиниот фризер, а резултатот го покажа огледалото. Брановидна фризура без мана, небаре е „жена од султана“, на која до душа во ликот водителката и по малку физички наликува.
Арно ама, каква е таа свадба на која нема да се пие, игра и пее… Затоа Јелена уште по дома си закажа пробна вокална сесија, сосе кореографија. За тренинг пеење го одбра “бекстејџот“ од домашната тераса, каде на гласно пуштена музика ги вежбаше своите гласовно-танцувачки способности, кои веројатно поцна ги демонстрирала на свадбената свеченост. Од прикажаното се гледа дека „испитите по свадбено пеење и кореографија“ успешно положени, а и комшиите гарант расположени!
Така отсега на плејадата распеани водители, новинари уредници… во „најмузикалната телевизија“ – Сител, им се придодаде уште едно ново име… Покрај музичко-вокалните искуства на главниот уредник Ристо Самарџиев, Лила, Блажевски, па и Рола до Бола, сега Сител ја доби и Јелена Богојевиќ, како… „женски Чола“!
Фото и видео: Инстаграм/jelena_bogojevic