Сања Савевска несомнено се пронајде во водителската улога и најдобро се снајде во забавното кулинарско ТВ шоу „Брза кујна“.
Сања заедно со гледачите, учесниците и шефовите и самата учи и веќе доста е умешна и во домаќинските работи.
Сега таа, преку социјлната мрежа Инстаграм каде што е активна одлучи на нејзините следбеници да им открие една лична информација која друг не ја знае, освен таа самата.
Водителката им откри дека нешто од што не отставува, а кое многумина како неа го обожаваат и го прават секој на свој начин е пиењето кафе во било кое време во текот на денот.
Но нејзиниот избор кој што го практикува е да го пие трипати на ден, каде се разбира после првото расположението и е подобро и веројатно тогаш ја почнува подготовката пред тв екраните.
Водителката сега им се обрати на Инстаграм во прашална форма каде на кратката приказна им напиша:
– Колку кафиња пиете вие дневно? Јас три – со три силмболи на топло кафе кои ги додаде им одговори таа, додека на фотографијата на англиски јазик напиша дека кафето е секогаш добра идеја.
Секој има своја навика и начин како да си го направи денот , а за Сања дефинитивно тоа е кафето.
фото: printscreen/Instagram/sanja_saveska