Радио Милева ново поглавје

Во семејството на Калиопи се слави два во еден – роденден и пензионирање на нејзината сестра, новинарката и уредничка Корнелија Буклеска

Во семејството на Калиопи се слави два во еден – роденден и пензионирање на нејзината сестра, новинарката и уредничка Корнелија Буклеска

По долги 37 години работно искуство како новинар и уредник на Редакцијата за култура и уметност во Македонското радио -Радио Скопје, Корнелија Буклеска заминува во пензија, а наедно го слави и својот 64-ти роденден.

Сестрата на Калиопи, Корнелија, или како што таа милува да ја вика, Нели, отпочнува ново животно поглавје – станува пензионерка и зад себе како своја приказна ја остава на колегите „ Културна клучалка“, радио емисија која години наназад остана перманентна да пренесува културна порака.

Пред микрофонот на кој говореше Корнелија редовен предизник беа ликовната уметност, архитектурата, археологијата и заштитата на културното наследство… за сега како пензионерка да се посвети на пишувањето, како што наедно и порача сестра и Калиопи.

-Мојата преубава сестра, мојата гордост, вчера на 18.11.2025 , го прослави својот роденден и заминувањето во пензија…. Овој глас не милуваше и оплеменуваше на брановите на Македонското Радио.
Кога бев мала, сакав да бидам како тебе,Корнелија… Ти честитам мила моја!
Сега е време за твојата друга љубов- пишувањето!
Те сакам Нели моја…
Твоја Опи- стои во објавата заедно со прилог фотографии.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official)

Со голема почит и честитки, Корнелија ја испратија и колегите од Македонско радио кои и порачаа:

-Во животот се добива само тоа што ќе се побара со храброст. Без храброст нема приказна, а Корнелија Буклеска, Уредничката на Редакцијата за култура и уметност во МРА-Радио Скопје има своја приказна по 37 години поминати во радиото. Taa e и останува храбра жена и понатаму.
Денеска слави 64-ти роденден и заминува во заслужена пензија.
Среќно и нека се множат годините, наша Корнелија!
Од MРА- гласи честитката.

Златните гласови не заминуваат во пензија, тие продолжуваат да шират радост, независно од позицијата на која следно ќе се најдат.

Честитки за уште многу пензионерски години!

фото:Instagram printscreen/kaliopi_official/Facebook /Македонско радио – Радио Скопје / Makedonsko radio – Radio Skopje

To top