Поминаа пет месеци откако пејачката Ивона Јо реши да направи операција во Турција за отстранување вишок кожа од пределот на стомакот и отстранување на подбрадокот.
Денес веќе резултатите повеќе од видливи, а од ден на ден Ивона како да е друга девојка.

Сега Ивона пресреќна од резултатите и стабилната здраствна состојба, веќе влезе во позитивно расположение од задоволството и сатисфакцијата, особено кого ќе го види одразот во огледало или ќе влезе во нови парчиња облека со помал конфекциски број.

Мотивацијата да покаже како изгледа не застанува, таа редовно прави и снима нови фотосесии каде позира во долна облека, костим за капење, а на секоја следна објава изгледа послабо.
Ивона сакаше да покаже и да направи споредба од тоа колку вишок кожа и масти имаше во пределот на стомакот, а како сега изгледа без се’ она што ја држеше во окови.
View this post on Instagram
Ретко кој би собрал храброст за да се покаже во вакво светло, но кога она што го посакуваш е на добар пат, дури и повеќе од добар, тогаш храброста и самоувереноста се на ниво.

Насмеана, среќна и ултра храбра девојка која покажа дека кога желбата е силна, а до неа се налепени и упорноста и истрајноста, тогаш резултатот е неминовен, баш како во случајот.
фото:Instagram printscreen/ivonajo




