Пејачката Милица Тодоровиќ не зборува често за своето семејство, но на јавноста и е познато дека ги има сестрите Јована и Анѓела, како и брат Владан.
Во јавноста се дозна за големиот конфликт помеѓу пејачката и нејзината сестра Јована, за пари. Имено, се шпекулираше дека Милица тогаш решила да го тужи својот зет Воислав, сопругот на Јована, бидејќи ја ограбил и одзел 60.000 евра, со кои пејачката имала во план да купи стан.
Сестрата на Милица тогаш наводно застанала на страната на нејзиниот сопруг, поради што нејзината сестра се оддалечила од неа, но по извесно време Милица и Јована успеале да ја поправат врската.
-За мене тоа е многу комплицирана и болна тема, бидејќи човек не очекува некој близок да го изневери на кој било начин. Сепак, јас гледам на тоа од поинаков агол. Имено, нашите патишта се сите различни, секој од нас веќе си создал свој, па сосема е нормално луѓето да се здружуваат и да се разделуваат во текот на животот, изјави во една прилика пејачката за домашните медиуми.
фото:Facebook/Instagram/ Milica Todorovic