Пред неколку години, Лила Филиповска излезе како победник од борбата со опаката болест, а за тоа отворено зборуваше пред јавноста. Како силен борец, денес јасно ги знае своите приоритети и на прво место е оној на кого му е најблагодарна.

Вистинското друштво и љубовта од нејзиниот мачор беа меѓу најважните фактори во нејзиното закрепнување. Мачешката терапија од Рагнар, според неа, имаше неверојатно позитивно влијание врз водителката, и таа е длабоко благодарна за тоа.
„Јас го спасив него, тој ме спаси мене“ – напиша во описот на фотографијата која ја објави пред јавноста.

Денес Лила е среќна, здрава и исполнета. Терапијата што сè уште ја прима – а сигурно ќе ја добива цел живот – особено лековито делува навечер, кога Рагнар е во нејзината прегратка и преде. Оној што ја искусил ваква исцелувачка доза добро ја знае нејзината делотворност, и точно знае на што мисли нашата позната инфлуенсерка.
фото:Instagram printscreen/lilafilipovska






