„Ако утре ме нема“, „Што сака нека биде“, „Срце“, „Фала“ … песни на ДНК кои по траорниот 16. Март никако не можат да се стават на стоп од фреквенциите на мозочните бранови.
„Амајлија“ беше заедничката на Панчо и Андреј со помладата колешка Теа Трајковска, музичка соработка, една меѓу повеќето што ги имаа, за песната што ја промовираа пред девет месеци. За истата снимија и спот, а за реализацијата поминаа неколку заеднички денови снимајќи заедно на популарното туристико место Златибор.
Од снимањето помина една година, а Теа сега во овие тешки и болни времиња кога Андреј го нема, а се молиме за закрепнување на Панчо, времепловот ја потсети на спомените кои денес болат и го крешат срцето.
„Непребол“ стои во описот на видеото каде се дружат и уживаат во природата и љубовта кон животните на имотот каде снимале. Приватни снимки кои денес ги гледаме за првпат, а од оваа перспектива тешки и длабоко емотивни.
-Една година откако отпатувавме за Златибор за снимањето на Амајлија. Да знаевме само.. напиша Теа со тешко и скршено срце сеќајвајќи се на она што го имаа и минаа заедно, а како да беше вчера кое стои со префикс дека денес веќе ништо не е како тогаш и за жал ништо не е исто.
фото:Instagram printscreen/theatrajkovska