Во новата 2026 – та веќе добро загазивме… Полека ги минуваме и првите празници, од највеселата ноќ, до оние најсемејните, во очекување на претстојните. Но кога една година изминува, покрај сето останато некако неминовно само по себе ни се наметнува она неизбежно прашање: „По што ќе ја паметиме изминатата?“
А секоја година има помалку или повеќе, свои добри и лоши моменти… Некогаш од убави поубави, некогаш најкатастрофални и најтажни.

Македонската поп пејачка Тамара Тодевска беше една од оние која во телевизиско интервју меѓудругото зборуваше на оваа тема. И разбирливо како и сите ние, не можеше да ја прескокне трагедијата од клубот „Пулс“ во Кочани која за жал, ни ја обележа годината како најцрна. А во неа и зминувањето на мноштвото млади животи, меѓу кои и оние на естрадните ѕвезди Пандреј и Панчо од ДНК и повеќето од членовите на нивната придружна група.

Преку зборовите, Тамара ја пренесе онаа тивка болка која никогаш не исчезнува, но и искрената почит и сеќавања на луѓе што оставија силна трага во македонската музика.
Приказна за загубата, за блискоста и за емоцијата што останува да живее преку песните, спомените и љубовта на публиката.
Сеќавање што не избледува и музика што продолжува смата по себе да зборува. Нивното присуство се чувствува и кога времето минува, зашто во спомените останува вткаено нивното ДНК.

Слушнете во видеото во продолжение што кажа Тамара, како поединечно Панчо, Андреј, ДНК и нивната музика… остануваат врежани во нејзините лични спомени и сеќавања.
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм/tamaratodevska







