Вештачката интелигенција зема се поголем замав, па АI (artificial intelligence) во секојдневието се повеќе го среќаваме. Така, еден од најактуелните трендови во периодов е изработката на сопствена карикатура со користење на вештачката интелигенција.
Со претворање на лична фотографија или видео се заигра и македонската фолкерка Сузана Гавазова.

На трендот што неодамна се прошири на социјалните мрежи се приклучи и Гавазова, па сподели пред следбениците што направила и како изгледа таа во таква форма.

Ал и ги погоди цртите на лицето, и ја истакна професијата и визуелно ја вклопи во вештачки цртан приказ.

Познатата фолкерка својот шарен цртан приказ вклопен во видео го покажа пред сите, а AI успеа креативно да ја визуелизира она што таа е – со сценски детали и микрофон.
Сузе ги воодушеви фановите со нејзината креативност, па брзо им го привлече вниманието, а тоа се вклопи во нејзиниот стил да провоцира со популарни постови.
Foto: printacreen/instagram/suzanagavazova






