Покрај моќниот глас, нашата позната фолкерка Сузана Гавазова е позната и по љубовта кон убави и луксузни дестинации низ светот.

Таа одморите во топлите краишта освен лето ги обожава и во зима, па како што веќе и е пракса таа реши дека периодов е одличен да го искористи на топло, мирно и опуштено место.

Струмичката убавица редовно ја споделува својата телесна убавина со јавноста и следбениците на социјалните мрежи, а овој пат ја истури пред тиркизните води на Малдивите.

Во секси костум за капење, додека кај нас температурите се под нула, Сузе се сонча и ужива на луксузна дестинација од највисоко ниво.

Од фотографиите што ги споделува пред обожавателите, јасно е дека целосно се одмара и не се жали од ништо. Романтиката продолжи на белиот песок, каде позира заедно со сопругот.

Облечена во црвено, провокативно позира на еден од најексклузивните ресорти на свет – „Sun Siyam Iru Veli“, посакувана оаза за луксузен одмор. Друштво ѝ прават сопругот и двете ќерки, со кои заедно позираа на островот – расположени, насмеани и полни со семејна среќа.

Сепак пејачката таму не е само со нив туку носи цела екипа бидејќи на обожавателите им најави дека нешто ново се спрема. Па покрај одморот и работата ќе биде завршена онака како што Сузето ќе сака.

Foto: print screen/Instagram/suzanagavazova






