И ова лето Сузана Гавазова нема викенд да нема настапи, а кога има слободно време, не мож да не тркне на море.

Атрактивна, привлечна, згодна, неопходна, штом се појави и расоблече, пејачката веднаш ги мами погледите на љубопитната околина. А како и не би, кога таа носи таков сексапил, што не постои некој кој рамнодушен би бил на нејзиниот изглед и еротската привлечност.

Па ако уште сето тоа го зачини соблечена во мини танга бикини, кое како на дланка ги нуди сите нејзини телесни убавини, не ссмеета, а и да сакате не можете да одолеете да не ги прегледате нејзините Инстаграм стори објави.

Она што е последно од Гавазова која самат го снимила и споделила е уште една раскошна телесна убавина среде летната идила, која веднаш ја поттикнува волшебната игра на сите сетила.

Дефинитивно, згодната Македонка со тело на Амазонка, сликана како заводливо чекори во мини бикини покрај песочната плажа, доминира со својата природна убавина… Особено од онаа перспектива, што ја нуди погледот за плакнење очи од кој и вилицата се кочи.
Бујната предница оди „две минути пред неа“, се ниша и потскокнува па ја поттикнува возбудата додека фолкерката се снима… И удобно сместената полутанга на гаќичките од бикини костимот за капење, кој совршено ја отцртува и потенцира стегнатата, извајана задница на струмичката фолк убавица!
Сузана Гавазова е дефинитивно „две во едно“: По песната е позната надалеку и нашироко, а по изглед, „опасна за око“. „Еротски опиум“ за сите сетила и „македонска фолк кралица“, отсега и во нејзината „Балканска шареница“!
View this post on Instagram
Фото и видео: Инстаграм/suzanagavazova





